Тим

Секој член на тимот на ImagePR го вложува својот личен и професионален кредибилитет
во комуникацијата на вредностите на клиентите. ImagePR - тоа се нејзините луѓе.

 

Ефективните комуникации ги креира и ги управува тим од вистински професионалци, кои поседуваат изострено чувство, стручност, големо мултидисциплинарно знаење и специјализирани вештини со кои единствено е можно да се реализираат утврдените комуникациски цели. Нема да бидеме нескромни ако кажеме дека секој член на нашето семејство ги поседува овие квалитети. Ние во ImagePR сме убедени дека најдобрите комуникациски стратегии и планови ќе го дадат посакуваниот резултат само доколку ги реализира тим со морален кредибилитет и силна желба за успех и посветеност во работата, тим што верува и вложува во постигнување партнерски однос со клиентите како основна претпоставка за ефикасна и плодотворна работа. Таков е нашиот тим, а неговите клучни луѓе се:
   

Ангелка Пеева Лауренчиќ директор

Ангелка е еден од основачите на ImagePR. Таа е докторанд по комуникации, со големо, повеќедецениско професионално искуството во областа на корпоративните, институционалните и политичките комуникации. Инсистира на високо ниво на исполнителност, посветеност и  етика во својата работа, но и на секој член на тимот со кој раководи. Енергијата ја црпи од поддршката на своето семејство и од членовите на тимот, но и од успехот во реализацијата на целите и потребите на клиентите, затоа што, како што самата вели: „Големината на успехот на нашите клиенти е репер за квалитетот на нашата работа“.  
 
   

Александар Деловски  стратешки комуникации

Тој е еден од главните столбови на ImagePR. Како еден од неговите основачи, секогаш внимава и инсистира на тоа да не се заборави дека „не можеш да работиш на добрата репутација на другите ако не се грижиш за својата“. Секогаш заинтересиран да го прикаже клиентот и неговата приказна во најдобро светло, тој апелира на пронаоѓање на цврстите аргументи што ја поткрепуваат и ја потврдуваат вистината. 
 
 

Магдалена Михајлоска стратешки комуникации

„За секоја работа важно е да ја сакаш, да те бива за тоа, да ја познаваш и постојано да се усовршуваш, но најважно од сѐ е да си упорен“. Тоа е максимата на Магдалена, која на вешт начин успева да ја пренесе и на другите, издигнувајќи ја до ниво на филозофија на дејствување на целиот тим на ImagePR.
 
 

Гоце Пачемски  стратешки комуникации

Како некогашен новинар, па потоа и еден од првите портпароли на државни институции во земјава, Гоце е уникатен пример дека со многу работа, постојано учење и љубов кон она што го работите, дури и од електроинженер може да „излезе“ добар специјалист за односи со јавност и комуникациски менаџмент.
 
 

Гордана Арсова Ристовска корпоративни комуникации

Во секој функционален тим, неопходно е да постои најмалку еден член што знае брзо да го пронајде излезот и од најзамрсениот лавиринт. Кај Гордана, оваа вештина е истакната до совршенство. И тоа не е случајност! Тоа е резултат на спојот од големото знаење од областа на комуникациите и маркетинг менаџментот, искуството стекнато преку реализација на безброј комуникациски проекти и настани, но и уникатниот инстинкт и пристап кон работата, кој произлегува од нејзината максима: „Не оставај ништо на случајноста“. 
 
 

Ива Орцева корпоративни комуникации

Комуникациите се како вкусен оброк. Не постои човек што не посакува да го вкуси, ама малку се оние што можат да го зготват. Врвните комуникациски „готвачи“ од рангот на Ива, не се задоволуваат со просечност. Секој нов комуникациски рецепт е нова адреналинска доза. Така е и со Ива. Постојано вложува во своето знаење во сите области од стратешкото планирање и управување со комуникациите. Тоа ѝ помага да го доведе до совршенство начинот на кој, во соработка со другите членови на тимот, раководи со комуникациските проекти и настани на нашите клиенти.
 
 

Драгана Јаневска настани и специјални проекти

За Драгана, PR е повеќе од комуникација. PR е инспирација, креација, имагинација, возбуда... Можеби токму затоа, природно, таа е еден од основачите на ImagePR и воедно еден од нејзините заштитни знаци. Нејзиниот сенс за вистинските вредности што ја сочинуваат убавината на животот, емпатијата и чувството за естетика и стил, во комбинација со природната комуникативност, на сите што ја познаваат им оддава непогрешливо чувство дека комуникациите и односите со јавност кај Драгана се вродени вештини.
 
 

Ана Цветковска финансии и буџетирање

Ана е одговорна за финансискиот „крвоток“ на ImagePR. Прагматизмот со кој приоѓа кон решавање и на најголемите предизвици, во комбинација со големото знаење, стручност и искуство во областа на финансискиот менаџмент и пошироко, прави Ана да биде запознаена, а често и директно вклучена во имплементацијата на сите комуникациски проекти на ImagePR.
 
 

Александар Михаилов ИТ и логистика

Тој е еден од клучните движечки делови на механизмот наречен ImagePR. И така е уште од првиот ден на неговото формирање, па сè до денеска. Совршено ја познава комуникациската и компјутерската технологија, а благодарение на неговите знаења и искуство за начините на кои функционираат современите мултимедијални алатки, со леснотија секоја идеја ја претвора во комуникациски производ.
 
 

Бисерка Велјановска менаџер на канцеларија и асистент на проекти

Веројатно тимот на ImagePR не би бил тоа што е – единствен, компактен и функционален – доколку во него не беше вклучена Бисерка. Таа несомнено е неговото „врзивно ткиво“, уште од самиот негов почеток. Воедно, таа најверојатно е првиот член и глас од ImagePR со кој ќе се сретнете и ќе се чуете. Ние сме среќни поради тоа, затоа што ако првиот впечаток е најважен, тогаш со Бисерка во нашиот тим ние сме сигурни дека победуваме.
 
 

Зоран Митевски медија мониторинг и анализи

Зоран е човек што никогаш не спие. Буквално. Тој е „системот за рано предупредување“ на ImagePR. Со неговите луѓе и најдобриот софтвер и хардвер на пазарот, деноноќно ги следи информациите што се објавуваат во медиумите и го „алармира“ тимот доколку нешто не се совпаѓа со посакуваната слика за нашите клиенти во јавноста. 

    

Искуство