Сè на едно место – затоа што веруваме во моќта на интегрираните комуникации како
единствен начин ефективно да се управува и да се унапредува највредниот имот на која
било организација во 21 век – репутацијата.
Нашата работна филозофија е дека само најдоброто е доволно добро. Затоа клиентите на ImagePR можат да бидат сигурни дека ќе добијат ништо помалку од внимателна и детална анализа, стратешко размислување, креативност и прецизна реализација на секоја комуникациска програма и активност. Ова се нашите одредници, независно за каков клиент или проект станува збор.
Изолираните комуникациски активности и поединечни услуги не придонесуваат за градење и унапредување на репутацијата. Трките на долги патеки повеќе ни лежат. Кога целта е јасна, независно колку таа изгледа тешко достижна, заедно со нашите клиенти, сме подготвени за маратон. Веруваме дека комуникациите можат да бидат ефективни само ако се работат систематски и континуирано и затоа врз основа на внимателно направената анализа на комуникациските потреби и предизвици, на клиентите им препорачуваме оптимален сет на комуникациски услуги.
Бидејќи веруваме дека секој детаљ е важен, нашата листа на услуги е долга и на клиентите им овозможува во консултација со ImagePR да направат оптимален избор по мера на нивните комуникациски цели и потреби.
Групирани во категории, нашите услуги опфаќаат:
- Консалтинг за стратешко комуницирање
- Креирање и реализација на комуникациска стратегија
- Поставување и унапредување на системот за комуникации
- Односи со интерна јавност
- Односи со посебни (специјални) јавности
- Односи со медиуми
- Корпоративни комуникации
- CSR програми
- Јавни работи
- Управување со специјални теми
- Маркетинг комуникации
- Рекламирање
- Графички и веб дизајн
- Видеопродукција
- Бренд комуникации
- Настани – концепт и реализација
- Развој и реализација на стратегии за вмрежување
- Кризни комуникации
- Комуникација на социјални медиуми
- Медија мониторинг и медија анализи
- Тренинзи и обуки
- БТЛ промоции
- Медија закуп
- Истражувања – квалитативни и квантитативни
За најдобри резултати по оптимална цена, соодветен микс од различни комуникациски средства и вештини, во вистинско време и со соодветен стил и тон.