Ангелка Пеева Лауренчиќ

Ангелка е еден од основачите на ImagePR. Таа е докторанд по комуникации, со големо, повеќедецениско професионално искуството во областа на корпоративните, институционалните и политичките комуникации. Инсистира на високо ниво на исполнителност, посветеност и  етика во својата работа, но и на секој член на тимот со кој раководи. Енергијата ја црпи од поддршката на своето семејство и од членовите на тимот, но и од успехот во реализацијата на целите и потребите на клиентите, затоа што, како што самата вели: „Големината на успехот на нашите клиенти е репер за квалитетот на нашата работа“.