Александар Деловски

Тој е еден од главните столбови на ImagePR. Како еден од неговите основачи, секогаш внимава и инсистира на тоа да не се заборави дека „не можеш да работиш на добрата репутација на другите ако не се грижиш за својата“. Секогаш заинтересиран да го прикаже клиентот и неговата приказна во најдобро светло, тој апелира на пронаоѓање на цврстите аргументи што ја поткрепуваат и ја потврдуваат вистината.