Етика

Етиката е дел од нашето портфолио

Како вработени во ImagePR го вложуваме својот личен и професионален кредибилитет во комуникацијата на вредностите на клиентите. Затоа работиме само со клиенти во чии вредности веруваме. За нас, вистината е основниот принцип на кој треба да почива секоја комуникација. Одговорно ги застапуваме клиентите, истовремено почитувајќи го јавниот интерес.  

Секој член на нашиот тим се грижи за сопствениот интегритет и интегритетот на агенцијата почитувајќи ја деловната култура на однесување и доверливоста на информациите добиени од клиентите.