Искуство

Мултидисциплинарното знаење е „единствената“ специјалност што ви е  потребна во современиот свет на комуникациите.

Почетоците на ImagePR се врзани со индустријата за пиво и безалкохолни пијалаци и за телекомуникациите. Почетната доверба ни овозможи да стекнеме значително искуство, кое во текот на годините го надградувавме и го пренесувавме низ работата со клиенти од голем број различни индустрии. Листата на досегашни клиенти е прилично долга, но секогаш тоа се клиенти во чии вредности веруваме и на кои можеме да им посветиме целосно внимание во задоволувањето на нивните комуникациски потреби. Тоа е затоа што се водиме според една навидум многу едноставна филозофија – клиентите заслужуваат најдобра комуникација со јавноста, а мерило за нашиот успех е нивниот успех.

Преку работата за различни клиенти, стекнавме драгоцено мултидисциплинарно знаење од многу различни области и индустрии, кое целосно го ставаме на располагање во функција на ефективната комуникација и репутацијата на сегашните и на идните клиенти. Тимот на ImagePR има подеднакво експертиза за работа со корпоративни клиенти, јавни институции, меѓународни организации, невладини организации, фондации и здруженија на граѓани, како и со политички субјекти.

 Голем дел од нашата досегашната работа со корпоративните клиенти е во следните индустрии:

  • Телекомуникации и информатичка технологија;
  • Енергетика;
  • Производство на пијалаци (винска, пивска и индустрија за безалкохолни пијалаци);
  • Млечна индустрија;
  • Рударство;
  • Градежништво и цементна индустрија;
  • Банкарство и осигурување;
  • Здравство и фармација;
  • Автомобилска индустрија и други.

Дополнително, ImagePR, работејќи на проекти на респектабилни меѓународни организации, како и домашни институции, министерства и агенции, стекна големо искуство во креирање и поддршка во реализацијата на комуникациски стратегии и планови за информирањето на јавноста за придобивките од некои од најзначајните реформи во земјата.

 Како тим, но и како поединци, особено нѐ исполнува, нѐ прави задоволни и горди, работата на проекти што имаат пошироко општествено значење, а во чија реализација неретко ги вложуваме сопствено време, енергија и материјални средства.

Особено сме горди на проектите на Движењето за поддршка на креативнoста – „Иво Лауренчиќ“ каде што преку волонтерскиот труд од членовите и средствата донирани од ImagePR секоја година се доделува наградата за млади креативци „Браво сине!“ (www.bravosine.mk)