Александар Михаилов

Тој е еден од клучните движечки делови на механизмот наречен ImagePR. И така е уште од првиот ден на неговото формирање, па сè до денеска. Совршено ја познава комуникациската и компјутерската технологија, а благодарение на неговите знаења и искуство за начините на кои функционираат современите мултимедијални алатки, со леснотија секоја идеја ја претвора во комуникациски производ.